Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ во гостувањето на емисијата „Отворено“ на телевизијата „24“ вечерва изјави дека сака обединување со граѓаните на Република Македонија, а не со Зоран Заев.

Токму тоа го правевме ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обединивме со народот и приоритет ни беа интересите на народот и на нашата татковина и во името на тоа работевме во изминатиот период, рече вечерва Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека поминува тоа време кога партиските интереси биле во прв план а државата и интересите на граѓаните во втор план, нагласувајќи дека тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници ќе се обедини со македонскиот народот и со граѓаните на Република Македонија.

Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, моите соработници пратениците, буквално сите работиме во насока на тоа а што е заедничка цел на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија да се обединиме и во едно ехо да испратиме порака дека ни е потребен тој датум за да го почнеме нашиот пат кон таа заедничка цел. Јас повеќе сум за едно такво обединување,а тоа е обединување со македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а тие кои што мислат да се обединуваат со Зоран Заев нека повелат но сметам дека тоа не мудра одлука, изјави Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.