Продолжија препукувањата помеѓу адвокатот Мерџан Даути и обвинителот Бурим Рустеми во случајот ТНТ.

Рустеми денеска се пожали на судот дека никогаш не влијаел на судот во носењето на одлуки и оти ова било обид да се опструира постапката кога се гледало дека се движеле во вистинска насока.

На тоа Даути не му остана должен и рече дека стои зад тоа што кажа во медиумите за состанокот со Рустеми на кој присустувале само тие двајца и никој друг.

На состанокот побарарав да се сослушаат нашите сведоци на што Рустеми рече цитирам -во никој случај нема да бидат сослушани вашите сведоци, уверуваше Даути.

Адвокатот откри и уште детали од разговорот со Рустеми и за пазорот што обвинителот сакал да го направи со една од обвинетите.

На обвинетата Елиссвета Најдоска уште во предистражна постапка и имам понудено кога бевме во СЈО дека ќе и овозможам условна казна. Прашај го твојот клиент дали тоа е точно. Јас ќе разговарам со судот да добие условна казна а од моја страна нема да има жалба, ги цитираше Даути зборовите на обвинителот Рустеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.