На денешната прес конференција, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговараше и на новинарски прашања меѓу кои и на барањето да го коментира статусот на Фејсбук каде напиша за илјадници евра кои што ги земале блиски личности на Катица Јанева и на крајот на статусот пишува дека исплатени се платите на вработените во СЈО.

Па тоа е една неофицијална информација која што ја добивме вчера дека и покрај буквално никој не знае во државава каков е статусот на СЈО бидејќи СЈО де факто веќе и не постои, меѓутоа се уште Зоран Заев и криминално рекетарската банда околу него наоѓаат начин како да ги исплатат платите, се наметнува тука и прашањето зошто се исплаќаат плати ако таму никој не работи и таа институција повеќе и де факто не постои. Од друга страна ги видовме сите оние суми исплатени на личности кои што се блиски на Катица Јанева, дали е тоа во пријателска или роднинска врска. И имаме една ситуација каде што и покрај убедливо најбогатото семејство политичко на Балканот, тоа се Заеви имаме уште едно семејство кое што де факто станува меѓу најбогатите и во Република Македонија. Како преку искористување, односно на некој начин поддршка од страна на Зоран Заев за неговиот пулен, а тоа е Катица Јанева. До таму оди небулозата да исплаќаните пари се со пријателски, другарски врски, имаме исплата на пари за лице кое што воопшто не било ни во државата неколку години наназад. Така да уште еднаш се докажува криминално рекетарската спрега помеѓу извршната и судско-обвинителската власт во оваа држава и дека главен нарачател на сите оние настани во изминативе неколку години, се јавува токму еден човек, човекот кој е најголемото зло во оваа држава кој што има име и презиме, а тоа е Зоран Заев, одговори Јанушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.