Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил напиша:

Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еурокомпозит, за кои нема плати.

Железничарите штрајкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе.

Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени.

Тоа е тој познат двоен стандард на расипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат “од мотиката подалеку” … и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција.

Тоа е тоа наводно блескање на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.