Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ се осврна на актуелните теми во предизборието. Според него тоа што го прави СДСМ не е ниту политика, туку е политикантство. Јанушев укажа дека Заев едно збори, друго прави, и додаде дека тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ ние се обврзуваме на реализација на проектите.

Многу несериозна политика од страна на СДСМ, тоа е обид за играње на дневна политика или повеќе политикантство бидејќи тоа не е ниту политика, но тоа е вообичаено кај политичари во заминување. А Заев само што излезе и каже нешто одма сите знаат дека лаже. Се колнеше во жицата, децата што се не видовме и на крај видовме нешто што е сосема спротивно и сега со кој углед излегуваат и кажуваат друго и како да им веруваме, рече Јанушев.

Говорејќи за постоизборни коалиции, Јанушев кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ е клучна програмата.

Со кого ќе коалицираме зависи од тоа какви ќе бидат резултатите од изборите и кој ќе го прифати проектот Обнова. ВМРО-ДПМНЕ не потклекнува на уцените за нас најважни се целите и реалзирирање на ветеното кон граѓаните, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на патот кон ЕУ, клучно за партијата и идната влада која ќе ја предводат е реалзирање на вредбостите на Унијата.

Ако сакаме Македонија реално да ја приближиме кон ЕУ, мора да постапуваме онака како што налагаат стандардите, бидејќи сега гледам само дека се глуми дека се прави нешто на патот кон ЕУ. А стандард е и кога се зборува за вработувања тие да ги опфаќаат сите без разлика на етникум, исто и за пензиите, повисоки пензии за сите. Она што се бара од нас и зависи од нас е едно, но во овој процес има и политика, кажа Јанушев.

Јанушев потсети на случувањата кога Македонија ги имаше исполнето сите услови за влез во НАТО во 2008 година, но тоа не се случи зошто политиката замеша прсти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.