Откако Зоран Заев изјави дека е загрижен за здравјето на граѓаните, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил напиша:

Заев вели дека е загрижен за здравјето на граѓаните, а од 9, дури 5 компании кои користат нафтен кокс се оние на Заеви.

Заев бил загрижен за здравјето на граѓаните, па згора на тоа го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, а тој три години е апсолутна власт во државата и донесе хибриден режим.

Бидејќи ја отвори оваа тема, јавно го повикувам да ги прокоментира овие податоци:

Зошто крие дека директно Заеви ја трујат Македонија? Од 9 компании во земјава кои користат нафтен кокс, дури 5 се фирмите на Заеви (неговите циглани)?

Кога последен пат државните институции вршеле контрола за присуство на нафтен кокс? Моите информации велат ниту еднаш.

Зошто се дозволи 40 илјади тони нафтен кокс да се увезе за еден месец, во февруари минатата година? Тоа значи дека се увезле 2 илјади шлепери во еден месец. Тој нафтен кокс со печатот на Заев е вдишуван од граѓаните.

И на крај зошто институциите на Заев молчат за труењето на граѓаните и кога последен пат било извршено мерење на загадувањето на Охис, Цементара и другите фирми?

П.С. – Заев и Спасовски премиери, Шилегов градоначалник, a ВМРО-ДПМНЕ било криво за отпадот. Кого лаже Заев???

Во продолжение неколку фотографии на темата …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.