Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев излезе со свој став околу полициската акција и апсењето на Дејан Митревски и Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто го прават ова? Зошто знаат дека губат. А, поразот ќе значи неминовно соочување со одговорност. А, одговорноста значи дека Деспотот и неговата дружина освен политичката пензија, ќе имаат и друго слободно време да размислат за сите злодела кои ги прават, за сите невини кои сега ги товорат со измислени дели, за сите судбини кои ги загорчија.

Причината зошто Димитар и Дејан, денес се малтретирани е една и единствена, а тоа е затоа што ја говорат вистината. Затоа што Димитар говореше за криминалот на Зоран Заев, а Дејан им го зададе жестокиот удар што значеше пораз за криминалната власт во Аеродром на последните избори.

Овие луѓе, а верувам и останатите кои денес се мета на власта, не се никакви криминалци, туку чесни луѓе, на кои Македонија и ВМРО им е пред се.

Ако тоа е гревот, тогаш тие и сите ние тој “грев” ќе го носиме, но ќе светне денот, многу бргу кога тие што ова го прават ќе мораат да дадат одговори и ќе одговараат!Некои дадоа по нешто, но некои даваат се, даваат се за Македонија!, вели Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.