Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ запрашан што мисли за шпекулациите дека СДСМ се обидува да поткупи пратеници, Јанушев одговори дека она што се обидува да се направи во моментов е само „одработување исклучително за Заев и за никој друг“.

Во однос на прашањето за процесите околу формирање Влада, Јанушев истакна дека една од варијантите е ВМРО-ДПМНЕ да формира влада и рече дека барем во овој период оние неформални средби и контакти се одвиваат. Но, како сето тоа ќе заврши, Јанушев рече дека сите ќе бидеме благовремено информирани

– Само што ги подигнавме уверенијата. Очекуваме дека во следниот период, а секако во законски предвидените рокови дека ќе не повикаат и на конститутивната седница на Собранието. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам на буквално сите во Република Македонија коишто го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“. Она што имавме прилика да го видиме на изборите е дека и покрај сите неправилности, поткупи и се она што се случуваше особено во текот на пред кампањата и во кампањата дека сепак опозициските партии успеаја да освојат повеќе гласови од владејачката структура, истакна Јанушев по подигнувањето на уверенијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.