ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија со најголема доверба кај народот, а граѓаните покажаа дека бараат промени, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Македонија гласаше против криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ. Гласаше против наместените тендери, ароганцијата, нерешавањето на проблемите. Против животот кој стана пекол, рече Јанушев.

Тој наглси дека резултатот е извојуван ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот сами против сите останати: целиот државен апарат.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. Да беа ова локални, избори сега ќе имавме 42 градоначалници, да беа парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број мандати и ќе беше новиот мандатар.

Јанушев рече дека и покрај сите притисоци, закани и уцени ВМРО-ДПМНЕ освои 60.000 гласови повеќе отколку во првиот круг или вкупно ВМРО-ДПМНЕ тежи 380.000 илјади гласа, односно 42.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ  и Гордана Сиљановска Давкова освоија 3.620 гласа повеќе од првиот круг во Битола, 2.980 гласа повеќе од првиот круг во Прилеп, 1.900 во Охрид, 2.000 во Штип, 2.800 во  Велес, 2.500 во Кисела Вода, 3.000 во Аеродром, 2.400 во Гази Баба, 1.200 во Бутел, 2.000 во Ѓорче Петров, 2.000 повеќе во Карпош и 1.600 повеќе во Центар. Овие бројки покажуваат дека граѓаните ја  препознаа алтернативата на криминалот, корупцијата и непотизмот, која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните бараат право и правдина.

Неприродниот раст на власта во гласови помеѓу првиот и вториот круг од изборите, не е последица на откровението на метлата на Заев, ниту вербата дека нешто ќе подобри, туку едноставно резултат на пазар, на притисоци, уцени и закани, рече претседатело на републичкиот изборен штаб.

Тој најави дека по прегледување на сите записници од сите избирачки места ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе приговори до  ДИК.

Ќе ги процесуираме забелешките од терен, за организирано носење на луѓе на гласање, за групно гласање, агитирање, поткуп и други нелегални дејствија. За овие и за други законски прекршувања ќе бидат поднесени кривични пријави. Одговорност мора да има и ќе има.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.