Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади.

ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој изминат период предупредуваше, објавуваше низа на скандали и афери, криминали, коруптивни случаи, меѓутоа Владата гледаме дека останува слепа и глува на нашите барања. Од друга страна видовме дека пред повеќе од месец дека како Катица Јанева си поднесува оставка, меѓутоа продолжува во вршењето на својата функција. Знаете дека во овој период, особено во месец август дека Собранието е на одмор, вели Јанушев.

Целото интервју на Радио Слободна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.