Охрабрете се и оградете се од Зоран Заев додека имате врем, сите ќе ве пушти „низ вода” само да проба да се спаси, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, обраќајќи се до Катица Јанева, Фросина Ременски и сите останати вмешани.

Водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев вели дека добил информација за кои лица се однесува, а дека се работи за потпретседател на Собранието, слушнал од новинарите. Нивниот став бил дека секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеле мерки и санкции за времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност.

 

Кој сте тоа вие кои преземате мерки и санкции???

 

Па добро бре, има ли некој околу овој траги-комичен лик кој ќе му каже што и како да каже (лаже)???, пишува Јанушев.

Јанушев прашува и „Дали сериозно мислите дека оваа „претстава” минува?“

Ве предупредивме да не си „играте”, ви кажавме дека ќе ве пуштаат „низ вода”, прва беше Катица Јанева, сега е Фросина Ременски, за некое време ќе има уште, зар не го „научивте” Заев? Сите ќе ве пушти „низ вода” само да проба да се спаси!

 

Заев е криминалец, аболициран, два пати, човек без скрупули, охрабрете се и оградете се од него додека имате време! А, време нема многу, месеци се во прашање!, пишува Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.