Генералниот секеретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во свој фејсбук статус пишува за законот за јавно обвинителство каде вели дека и експертите го потврдиле ставот на неговата партија.

Експертите против алибито на СДСМ наречено Закон за јавно обвинителство зад кое стои желбата за амнестија на хибридниот режим на Заев.

Правниот факултет против законот кој е противуставен, а кој треба да биде спас од одговорност на криминалите на Зоран Заев.

Експерите за законот ќе кажат, цитирам: “пред нас е своевидна камуфлажа на балканските решенија кои се кријат зад европски стандарди”! Друг професор ќе каже, цитирам: “смешни се и дилетантски одредбите од новиот закон, спорно е политички субјект да воскреснува постапки, ова не е нова сезона на “Френдс“. Еден друг професор, пак ќе истакне: “има ли капетан на овој брод? Очигледно е непознавањето на системските закони и уставната поделба на власта”!

Експертите го потврдија она што го говори ВМРО-ДПМНЕ.

А, јас само ќе додадам дека ваков закон на Заев и СДСМ со кој сакаат да го “озаконат” криминалот во земјава нема да помине. Закон со кој Заев ќе сака на мала врата да протне амнестија нема да биде изгласан.

И да, одговорност мора да има за секој кој се огрешил пред законите, без разлика од каде е, и кој е, пишува Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.