Игор Јанушев, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единици 3 денеска во Сокачето на поезијата пред родната куќа на Кочо Рацин потсети дека поетот бил носител на авангардата и револуционерната идеја, се борел за македонштината, за Македонецот за сопствена држава, и порача дека токму тоа преку оваа кампања и ВМРО – ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.

Како велешани сме горди што денеска бевме во домот на Коста Солев Рацин. Покрај се она што го планираме во инфраструктурата, земјоделието, економијата и финансиите, здравството, образованието и се останато, еден од главните мотиви, а што ќе биде во фокусот после формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде враќање на гордоста на Македонецот и враќање на македонското национално достоинство, порача Јанушев од родниот Велес.

Куќата на Рацин, Јанушев ја посети заедно со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со својот тим и кандидатите за пратеници од ИЕ 3 Здравковски и Нацков.

Тие денеска имаа средби со граѓаните на Градскиот пазар во Велес, ја посетија Епархијата Повардарска, а потоа имаа и средба со културните работници и младите од градот.

Вечерва тие во 20:30 часот заедно со лидерот на ВМРО –ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе имаат средба со граѓаните на спортското игралиште во Населбата Тунел во Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.