Сите оние кои мислат дека Заев утре ќе ги спаси за криминалите кои ги правеле за вождот на сегашната власт, нека ја имаат на ум сликата со ќулавката бидејќи така изгледа кога Заев пушта низ вода за да се спаси себе си, порача Игор Јанушев преку неговото отворено писмо.

Одговорноста за неуспехот во правосудството има име и презиме и се вика Зоран Заев. Ваквите божемни расправии помеѓу Обвинителството и Апелација за пуштањето од ефективен притвор на Катица е оркестрирано сценарио на Заев со кој тежиштето на вината за корумпираното судство сака да ја префрли од Владата во рацете на нејзините извршители, односно судството.

 

Проѕирно сценарио во кое мислат дека профитираат со тоа што ќе прикажат дека судот самоволно ја пуштил Катица, додека портпаролот на СДСМ во обвинителството – Рускоска крева врева по принципот „држете го крадецот“. Ова е понеуверливо продолжение на оваа фарса од првиот дел на кавгата помеѓу Џолев и Дескоска, бидејќи сите заедно се лицето и опачината на една паричка чиј заеднички именител е Заев, пишува Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

И секако целата оваа монтирана кавга за перење од одговорноста за неуспехот на судството во гонењето на криминалот ќе заврши со една епохална порака на обвинителката портпарол „ќе ви ги истресам гаќите“, која доколку некој има дилема дали и доликува на еден обвинител ќе потсетам дека тое е милје во кое премиерот дели лекции за „мало сутра“, „мрчи“, кажува дека „баклавата била изедена, само њега нема“, „ќе ја мажел земјава за богата фамилија“ … што укажува на тоа дека е природно и обвинителот да е на истото ниво. И двајцата ја играат истата фарса зошто Катица може да пропее, пишува Јанушев.

Се разбира дека нè убедуваат и дека Владата нема ништо ниту со бегството на убиецот на Мартин Нешкоски, додава Јанушев, зошто тие го пуштија да избега.

И никаде ги нема оние „начучулени“ и сега напикани „револуционери“ на добро платени позиции да велат дека „нема правда-нема мир“, или пак да го прашаат како е братот на Нешкоски чиј израз на лице во една скорешна изјава кажува се, а тоа е горчина и збунетост. Впрочем, нели е тоа чуството кој го дели секој еден човек за сите неправди, падови и порази кои како нација ги доживуваме цели 28 години? И нели е време повеќе од било кога порано да ги смениме работите? Да го надминеме ова „дупло дно“, затоа што не смееме веќе да дозволиме компромиси со правдата и мораме да се бориме за апсолутна правда. Мораме да направиме реформи кои ќе донесат независно судство и одговорност за оние кои ги кршеле законите. Може да бидат нервозни и исплашени само оние кои правеле криминал. И да, навистина треба да се плашат, порача Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото писмо на Јанушев:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.