Не би лицитирал со можните датуми, има еден канал на комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за да се доближат ставовите, но јас до последен момент ќе се надевам дека Заев и партијата ќе се вразумат за овие тотално неразумни тврдења и барања кои ги имаат, рече Игор Јанушев во „Заспиј ако можеш“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ги кажа апсурдностите со кои настапува СДСМ.

Во Уредбата е наведено дека со денот кога се донесува, се прекинуваат сите изборни дејствија. Со ова останаа неколку работи да висат, иако се јасно и прецизно регулирани со законот, а еден од тие примери е Избирачкиот список. Кога се донесе оваа уредба, постапката за прочистување и заклучување на списокот, за изборите на 12 април, не беше завршена. Оттогаш се поминати неколку месеци, прочистувањето мора да започне од почеток, не може да не се прочисти. Во Изборниот законик се пропишани јасни чекори, кои траат над 30 дена, објасни Јанушев.

За ова се согласни и сите членови на ДИК, потсети тој.

СДСМ велат зошто ДИК чека, зошто уште сега не се подготвува за избори, а во Уредбата што самите тие ја носат, вели дека до престанување на вонредната состојба не се превземаат никакви дејствија врз основа на Изборниот законик. Во едно од мислењата по лидерските средби од Државната комисија велат „Дополнително, на ДИК треба да му се овозможи дејствија и активности и за време на вонредната состојба, како и ставање на располагање на човечки, финансиски и технички ресурси“. Значи ДИК сами велат дека ако сакате да превземем дејствија, не можеме, зошто ни е забрането со Уредбата, а Спасовски вели дека не ја менува Уредбата. Исто, по завршување на вонредната состојба, ДИК има 24 часа да даде роковник за продолжување на изборните дејствија. Значи, ниту се 22 дена, ниту 50, туку треба да има нов роковник, објасни Јанушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.