Носителот на листата во изборната единица 3, Игор Јанушев на денешната средба со граѓаните на Општина Пробиштип рече дека власта предводена од СДСМ ништо не направи во изминативе две ипол години. Посочи дека народот гледа и на 15 јули „СДСМ ќе си ја добие својата казна, и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите“.

Денеска сме во посета на Пробиштип. Само што завршивме со посетата на Градскиот пазар каде што имавме можност да разговараме со огромен број на луѓе, да ги слушнеме нивните маки и да слушнеме што очекуваат и како ја гледаат државата во следните четири години. Она што не охрабрува, она што ни дава мотив е да продолжиме уште посилно во овие неколку дена до крајот на кампањата. Она што ни дава уште поголем мотив по формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да се вложиме максимално, да ги исполниме сите ветувања кои што ги даваме на граѓаните бидејќи пред се и над се македонскиот народ заслужува подобра иднина, извесна иднина, истакна Јанушев.

Јанушев посочил дека врвот на неспособноста на оваа влада предводена од Заев и СДСМ, врвот на неспособноста на Љупчо Николовски се гледа и во Пробиштип. – Оној проект кој што го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ патниот правец Крупиште – Пробиштип буквално не е ништо завршено, СДСМ не мрдна со прст за да го заврши патниот правец, рече Јанушев.

 Она што го гледам во изминативе две ипол години сум дошол можеби повеќе од 10-15 пати во Пробиштип, значи немаше ниту една опрема, механизација, било што да се работи на патот. Сега во овие месец дена гледаме како се обидуваат нешто да направат, да прикажат пред граѓаните дека еве демек работат. Но тоа е сериозно потценување на народот. А, народот памти и народот знае, нагласи Јанушев.

Јанушев на граѓаните им порача дека ако народот застане на страната на правдата тогаш секоја битка може да се победи.

Затоа на 15-ти јули граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за обнова на Република Македонија, рече Јанушев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.