Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот профил на Фејсбук порача дека Зоран Заев е минато за оваа држава, додавајќи дека на 12 април, народот си доаѓа по своето.

Им гори под нозе! Стравот е голем, затоа што криминалот е уште поголем и затоа бегаат од избори.

Но, треба да знаат дека Заев во оваа држава е веќе минато, и тоа од оној срамниот дел на минатото, и не е веќе во состојба да одлучува, ниту да се заканува.

СДСМ покажува дека е спремна на се за да го донесе законот со кој сака да се спаси од одговорност, дури и тоа да избега од соочување со народот. А, бега зошто знаат дека на 12 ти април народот си доаѓа по своето. И знаат дека не е нормално за 3 години еден функционер во земјава да не одговара за криминал, а државава да е прогласена за најкриминална во Европа.

Разликата е во тоа што додека ВМРО-ДПМНЕ има штаб за правење на програма, СДСМ има штаб за правење на кризи. Но, кризата не ги спасува од одговорност, а ниту ова калкулирање со датумот на избори со цел кревање на цената.

Од народот нема да избегате – напиша Јанушев на својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.