Криминалците си остануваат криминалци и во редовна и во вонредна состојба вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Фатени во корупција со респираторите, сега фатени во корупција со тестерите за коронавирус… За само три недели, ова е полошо и од военото профитерство со резервните тенковски делови во владеењето на СДСМ по воениот конфликт, вели Јанушев.

Наш најголем проблем не е епидемијата на вирус, додава Јанушев, туку епидемијата на корупција дури и во вонредна состојба.

И пак е Филипче, кој е корумпиран во редовна состојба, корумпиран е и во вонредна состојба. Дека ќе правет „аванта” и од тестовите за корона е тешко да се поверува, но тоа е реалноста. 4 пати поскапо да се наплаќаат тестовите за корона не значи ништи друго освен грабеж и профитерство, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.