Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница зборуваше за коалицијата СДСМ-ДУИ каде посочи дека ова е коалиција на лагата односно непренципиелна коалиција. Тој во своето обраќање рече дека ова коалиција e впрочем континуитет на неправо, на недемократија односно и пред неколку години така дојдоа и на власт со лаги, манипулации и продолжија со криминал и корупција за на крај во изборната кампања сето тоа го зачинат со огромен поткуп.

Да излезевте сега и да кажевте дека предлогот за претседавачот Талат Џафери е само за пусти пари и власт како што впрочем и вашиот претседател Заев го именуваше ДУИ ќе разберевме. Но, да излеземе и да кажуваме дека во минатите три години Собранието било водена на таков професионален, демократски, перфектен начин е само уште еден груб обид за манипулација и лажење на сопствениот народ, впрочем нешто и во што сте најдобри и најдобро го правите. Свесни сме сите и народот за сите пазарења, за сите прекршувања кои што ги правевте и на процедурите и на законите, начинот на кој што се доби мандатот, сите деловнички прекршувања во однос на закажувањето и на оваа седница – истакна Јанушев.

Тој порача дека сите се свесни што се случуваше изминатите три години од страна на владата на СДСМ како фрлањето на амандмани затоа што биле многу.

Да пак ќе имате многу и нема да ги фрлате, ќе се постапува онака како што треба да се постапува, како што е согласно законот и никако поинаку. Имавме скратени постапки и речиси да немаше закон на кој што не му лепевте европско знаменце, за да побрзо цветаа бизнисите со марихуана, за полесно да се добиваат тендерите и да се крадат пари и за да може сите пари да ги искористите за поткуп за изборите – додаде Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.