Сето она што гледаме дека се случува во целата држава, се случува и во Делчево. Еден од најголемите проблеми, иселувањето на младите особено последните неколку години откога дојде овој „живот за сите“, што всушност не е живот, туку е една голгота, гола борба за опстанок, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во Делчево, како дел од разговорите за „Обнова на Македонија”.

Ги слушаме проблемите и секако земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма со која што ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април, сигурен сум дека ќе ни ја дадете вашата поддршка и доверба и дека работите ќе почнеме од корен да ги менуваме после 12-ти април со формирањето на новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ, порача од Делчево Јанушев.

Тој потсети дека веќе неколку пати во изминатиот период неговата партија се обидела во Собранието на Република Македонија преку амандмани во буџетот да обезбеди средства за изградба на патот Кочани-Делчево меѓутоа слух од страна на Владата нема.

Нема поради тоа што единственото што знаат да го прават е криминалот, корупцијата, непотизмот да функционираат, односно делуваат на едно криминално рекетарски начин, тоа е единствениот начин што го знаат. Немаат една шајка заковано, немаат буквално ништо направено во овие речиси три години, единствената фабрика која што ја отворија е фабриката за лаги која што се наоѓа на Илинденска. Секојдневно гледаме само лаги и манипулации и ништо повеќе, затоа време е да им кажеме дека е доста и да ги пратиме во политичката историја. И тоа во политичката историја на онаа црната страна и никогаш повеќе во државава да не дозволиме да имаме едно вакво убедливо најнеуспешно владеење од страна на Владата. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понудиме нашата изборна програма ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април. Сигурни сме во огромната победа која што ќе ја имаме. Ќе ја формираме Владата и ќе почнеме со обновата на Македонија, рече генералениот секретар на ВМРО ДПМНЕ во Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.