Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева, пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Понатаму, во Шпигел се вели дека земјата во јуни не доби датум за преговори заради резервите на Франција, Германија и Холандија, кои после аферата “Рекет” се покажале оправдани.

Истовремено, го слушаме Никола Димитров како си бара алиби и се оградува (по не знам веќе кој пат во неговата политичка кариера) од политиките на Владата на Зоран Заев и СДСМ.

Многу ме интересира кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ. Прогноза?

А, исто така, интересно ќе биде да се слушне и види коментарот на Зоран Заев. Дали можеби и нив така “сочно” ќе ги нападне со навреди? Или можеби и нив ќе им нарача некое обвинение од “независното” обвинителство кое ќе заврши во “независното” судство???

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е…

Gepostet von Igor Janushev am Dienstag, 20. August 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.