Власта нема легитимитет. СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласови. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија, зијави на прес конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде:

Наместо голи флоскули како СДСМ ќе презентираме бројки и факти. СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата која ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, додека сега бројат над 30. Но. Додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа. Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО НП, Обединети за Македонија уште 20 други партии овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласови на истата оваа гарнитура од политички партии кои заедно во 2017 година освоија над 523 илјади гласови. Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една година паднаа за околу 200.000 гласа.“

Според Јанушев падот на гласови на власта е уште поголем доколку се погледнат резултатите од парламентарните избори во 2016 година, кога коалицијата која ја предводеше власта освои околу 608 илјади гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.