Продолжуваме со кампањата разговори за обнова на Македонија. Денес сме во Штип градот каде што можеби лагите на Заев и СДСМ се едни од најочигледните во речиси две години локална власт во Штип. Ниту едно од предизборните ветувања не се остварени од страна на градоначалникот. Не е изграден ветениот најголем аквапарк во источна Македонија, не е завршена браната на река Отиња, не се започнати катните гаражи. Значи буквално се она што беше ветување во предизборието остана само мртво слово на хартија. Тоа нас не не изненадува бидејќи тоа е единствениот начин на неработење и незнаење на оваа криминално рекетарска власт на Заев и СДСМ – изјави денеска Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде:

Меѓутоа со објавувањето на датумот за избори крајот на Заев се гледа, власта паѓа првиот значаен датум е 3 јануари кога ќе се формира техничката влада која ќе ги спроведе изборите на 12 април, а на 13 април веќе Зоран Заев СДСМ и сите останати од неговата криминална банда ќе ги пратиме во политичката историја. Би сaкал уште еднаш да порачам овде од Штип денеска, од вмровски Штип граѓаните да дојдат во што поголем број да ги соопштат нивните проблеми ние како партија ќе земеме обврска сето тоа да го нотираме и секако во нашата предизборна кампања да понудиме решенија за сите проблеми на граѓаните. Заев паѓа Македонија се крева обновата на државата започнува многу скоро – рече Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.