Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 Игор Јанушев гласаше во Велес.

Очекувам еден убав ден во Р. Македонија каде што народот дефинитивно ќе ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Очекувам дека ќе се слави демократијата каде што конечно ќе го отфрлиме овој криминално-хибриден режим на Заев и СДСМ и мојата порака денеска до сите во Р Македонија е да се излезе и да се гласа да се оствари своето демократско право. Нормално дека очекуваме дека граѓаните во огромен број ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јанушев.

На новинарско прашање дали по изборите би останал во Парламентот или ќе оди во извршната власт Јанушев рече дека ќе победат и тоа според него е повеќе од очигледно.

Дали би останал во Собранието или би продолжил во некое друго место сè уште е прерано. Ние од ВМРО-ДПМНЕ како што покажавме и во изминатите две и пол години секогаш прво добро ги размислуваме работите потоа ги преземаме. Така што, првин чекор по чекор, првин да го привршиме овој ден како што треба, па од утре натаму ќе има време за размислување и договарање. Секако, со своето искуство и своите професионални капацитети јас сум пред сè на располагање на државата и да помогнеме онаму каде што можеме, изјави Јанушев.

Го остварив своето гласачко право. Очекувам мирен ден каде што ќе се слави демократијата, така што мојата порака до сите во Република Македонија е да се излезе и гласа, да се оствари своето демократско право на глас!

Gepostet von Igor Janushev am Mittwoch, 15. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.