Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Детектор“ запрашан дали очекува Комисијата за заразни билесто да даде појасен став кога може да биде безбедно да се одржат изборите истакна:

Јас очекувам Комисијата за заразни болести конечно да даде некој став во однос на ова прашање и ова го велам ете затоа што еве може ќе ме обвините дека и премногу сакам политички да го кажам ова, но искрено не е така. Не е така затоа што од една страна Комисијата не уверува на некој начин дека е добро да одиме на избори, од друга страна после првата лидерска средба препорача нова вонредна состојба. Eве гледаме дека предлогот за 3-4 дена затварање за викендов е дојдено од страна на Комисијата. Од друга страна еве ќе кажам што Комисијата прати во она мислење до Пендаровски. Прво наведува дека ги гледаме добрите ефекти од силните рестрективни мерки. Јас навистина не знам каде ги гледаат ефекти кога секојдневно имаме или некоја констатнта на бројот на заболени или благо зголемување. Понатаму се вели дека се наоѓаме во последните недели од вообичаено траење на респираторните епидемии и еве ова го прифаќама најверојатно е така и кажуваат дека сме во фаза каде не работат школи и градинки. Тоа знaчи дека пред нас е период во кој треба да научиме да живееме со вирусот, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.