Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев запрашан за спорот со името и новото име на земјата во текот на своето гостување во Канал5 телевизија изјави дека никој не може да му забрани или пак да му негира во однос на тоа како тој се чувствува во врска со Преспанскиот догово и истакна дека никогаш нема да го прифати новото име на Македонија.

Никој не може да ми забрани ниту пак да ми го негира тоа како јас се чувствувам во врска со тој договор. Каде што имаме не само променето устано име, каде што имаме буквално газење на нашиот идентитет и јазик. Јас сум Игор Јанушев, јас сум македонец од Република Македонија кој говори македонски јазик, можете да ми забраните да се осекам негативно и да го сметам тој договор за капитулатски? Зошто, тоа е мое право. Јас како Игор Јанушев, јас сум Македонец од Република Македонија кој говори македонски јазик, вели Јанушев во емисијата на Канал 5.

Јанушев во своето гостување го додаде и следното:

„Aко ние се бориме за демократија, за секој да си го каже сопственото мислење и став значи јас како Игор Јанушев и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ дозволете да не го прифатам тоа. Тоа со членството во НАТО, со аспирациите на државата, што се треба во иднина да се случува во државата е нешто сосема друго, и ние овие три години имама девастација на македонското општество во секоја пора“.

Запрашан ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт дали ќе го користи новото име или името Република Македонија, Јанушев истакна тој ниту било кога во минатото, ниту било кога во сегашноста, ниту пак во иднината, никогаш, под никои услови, ниту пак во интимен разговор нема да ја додаде придавката на името.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.