Наместо пари за стопанството и за борба против пандемијата со корона, има пари само за клиентелата на СДСМ во поранешното СЈО, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Тој на својот Фејсбук сподели статус поврзан со платите кои ќе ги земаат вработените во СЈО, наместо истите да се пренасочат за моменталната криза со која се соочува Македонија.

На денот кога излегоа и велеа ќе ве спасиме од кризата, а видовме дека ништо не направија, на владина седница донеле уредба за пренамена на средства, за да им се исплатат на јавно-обвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО пари од буџетот на јавното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.
Нема пари за награда за докторите, но има за СЈО. Нема пари за маски, но има за СЈО.
Баснословна сума и баснословни пари за братучедите, роднините, тетките и стриковците на функционерите на СДСМ згрижени во СЈО.
На човека да му се згади од гадосите што ги прави оваа криминално-рекетаска власт.
И во продолжение мало потсетување кој се работеше во СЈО, пишува Јанушев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.