Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да обезбеди мнозинство во Собранието на Република Македонија за предвремени парламентарни избори, водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев е против и вели дека и да нема датум за почеток на преговори, предвремени избори нема да има.

И тоа речиси во истовреме кога Блумберг јавува дека Франција и Холандија инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови членки и бараат претходно да има целосно реформирање на процесот на проширување на ЕУ, при што преговорите да бидат постепени, поконкретни во придобивките за државите – кандидати, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи.

И додека власта брифира дека средбата Меркел – Макрон е за интеграциите на Македонија, светските медиуми тврдат дека е за Брегзит. И, не дека Македонија има лоша среќа, туку проблемот е што Македонија го има Заев, кој ја потона земјата во криминал и корупција.

Без реални реформи, без да се одработи “домашното”, со уништена економија, со народ на “питачки стап”, со катастрофа во здравството, потценувајќи го чесниот земјоделец, со безидејноста во образованието, спортот и културата, со рекет кои “како пупка” ја отворија Република Македонија, со “блескањето” на диригираното судство и обвинителство, сме се подалеку и подалеку од ЕУ, Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.