Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и генералниот секретар Игор Јанушев оствариле средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија Стефан Холтхоф Пфортнер. На средбата се дискутирало за актуелната политичка и економска состојба, како и евроатланските интеграции на Република Македонија, информира на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

На средбата дискутиравме за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатланските интеграции на Република Македонија.

Посочивме дека е потребно спроведување на итни реформи кои што ќе бидат клучни за добивање на датум за почеток на преговори со Европската унија, бидејќи стратешка цел и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е Република Македонија да биде полноправна членка на европското семејство.

Се согласивме дека во интерес на Република Македонија, како и на граѓаните е продлабочување на заедничката економската и политичка соработка со Сојузна Република Германија, пишува Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.