Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа, кај нас расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во обраќање на фејсбук.

Мерките се катастрофални, короната од Скопје, Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ Македонија.

Воедно, тој праша уште колку време треба да помине за Заев и Филипче да признаат дека згрешиле во борбата со пандемијата?

Уште за десетина дена сакате сите да влеземе во кампања. Ќе одговарате за се што направивте – рече Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.