Освен „игнорирањето” на правото од страна на Дескоска и кршењето на законот, за што ќе следува и кривичната одговорност за Јовески, денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев повикува и на одговорност од обвинителката Вилма Рускоска.

Рускоска со тоа што дозволи „допишување“ на Катица Јанева од притвор, стори кривично дело, бидејќи самото допишување е спротивно на Законот за кривичната постапка, односно е спротивно на член 178 став 5, каде е наведено:

 

„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка. Овој орган може да забрани испраќање и примање писма и други пратки штетни за постапката.“, потсетува Јанушев.

Според Јанушев, Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари.

После сè ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ „на чело” со Заев, со Јовески и Русковска и оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот Рекет, а можеби и во други случаи „Рекет 2, 3, 4“ итн.

 

Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!, рече Јанушев уште еднаш повикувајќи на оставка и на превремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.