Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во интервју во централниот дневник на Сител телевизија потенцираше дека наместо да се дефокусира јавноста треба да се изнајдат решенија за проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.

Имаме 40.000 нови невработени луѓе, односно луѓе кои што останале без работа. Имаме огромна бројка на луѓе кои што се оштетени со ова што се случи со Еуростандард банка, а особено што народот е изритиран од однесувањето на досегашната министерката за финансии Нина Ангеловска, имаме веќе половина година буквално една девастирана состојба во здравството и неуспех во справување со корона кризата – истакна тој.

Јанушев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не влегла рамноправно во изборниот процес како СДСМ, бидејќи власта на само два дена со Уредба со законска сила го изменила Изборниот законик, го намалила просторот за рекламирање на опозицијата, а граѓаните биле сведоци на закани, уцени и поткуп од страна на власта.

Никој од нас не е ниту слеп, ниту глув во однос на она што се случуваше буквално од предизборието, па буквално и во самата изборна кампања и оние огромни суми на пари, близу една милијарда евра кои што беа поделени за граѓаните како поткуп, уцените, заканите кои што се случуваа на кои што ние кои што учествувавме во кампањата бевме сведоци. Да не заборавиме дека само два дена пред почетокот на оваа изборна кампања со Уредба со законска сила оваа влада го промени изборниот законик каде што сите ограничувања за делувањето на владата од исплатата на буџетски средства до вработувања, отпуштања, дисциплински постапки буквално се, вклучително и рекламниот простор кој што требаше да го имаме во кампањата кој што за половина помал од СДСМ го сменија на два дена пред изборите – истакна Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.