Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте, вели Генералниот секретар Игор Јанушев во неговото отворено писмо, во кое им се обраќа и на СДСМ.

Народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви е заборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме. Немојте да мислите и дека заборавивме на патриотите кои лежат по затворите или пак на криминалците кои ги пуштивте на слобода, порача Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ им порача и дека нема да ја забораваме ни штета која ја направија за името и достоинството со кое тргуваа.

Нема да ви поминaт ниту оние лаги кои засилено ги лиферувате, како онаа дека вие сте биле помалото зло, бидејќи ВМРО било поголемото, дека ние наводно сме биле антизападна сила, ама вие на чело со Заев – е прозападната. Демантот пристигна од Европската Народна партија, а тој вели – цитат на Мицкоски споделен од ЕНП (EPP): „Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности“, рече Јанушев.

Целото писмо на Јанушев:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.