Да не заборавиме дека она крумпирано обвинителство под спрега на Заев водеше истрага и надвор од памет е дека не знаеле за аферата „Кеш“, треба да ги вратат парите сите, рече во вечерашното гостување во „24 анализа“ генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Зборувајќи за аферата „Рекет“, но и за бонусите кои ги добивале обвинителите во СЈО, Јанушев потенцираше дека судството е функционирало доколку имаше порано почнато судски процеси за аферите.

Дали требаше на Јанева да ѝ се остави да оди во Грција и да се бришат телефони? Дали ќе има истрага за „Дијамед“? Како сопственикот велеше дека му бараат рекет? Да не заборавиме чиј пулен беше Рускоска, рече Јанушев, додавајќи дека премиерот во заминување Заев лично барал Рускоска да биде шефица на јавното обвинителство.

Јанушев потенцираше дека власта не ги прифатила предлозите на опозицијата во врска со Законот за јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.