Последниов период целокупната македонска јавност будно и со огромна огорченост ги следи случувањата за аферата Рекет, гледа, слуша и чита за криминално-рекетарско-политичко-судско-обвинителскиот октопод на Зоран Заев и СДСМ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој додава дека овој скандал на власта во заминување целосно го оттргна вниманието од скандалот со набавката на АТМ (Air Traffic Management) системот на М-НАВ кое го диригирал Драги Рашковски.

Кога сме веќе на тема Авијација и Воздухопловство, не може да не споменам и за неспособноста на Владата на Заев кои едвај успеаа да ги задржат WizzAir, имаа неколку неуспешни постапки, а се им беше “сервирано на тацна”. Да, да, истиот оној WizzAir чие влегување во Македонија значително влијаеше на намалување на цените на авиобилетите и отвори десетици нови дестинации за граѓаните на Република Македонија. Патем, тој проект го сработив лично од сам почеток. И тоа два пати! На неспособниве од СДСМ на Заев им требаше неколку обиди, а требаше само да го искористат веќе сработеното!, вели Јанушев.

Тој го коментира и новиот проект за набавка на медицински хеликоптер.

Деновиве слушам спремале нов проект, набавка на хеликоптер за медицински цели (medevac chopper) кој на на годишно ниво ќе не чини 8 милиони евра, а договорот ќе бил на 9 години, значи вкупно 72 милиони евра. Веројатно некој планира добро да “искешира” имајќи го во предвид фактот на цената на чинење на овој тип на воздухоплов.

 

Ова доаѓа во време кога во болниците нема лекови, докторите имаат плати под достоинството, а граѓаните се целосно незадоволни. И додека нема ни за основни средства очигледно следува уште една вносна зделка во здравството.

 

Да не биде после дека не сме кажале – секој ќе си жнее тоа што си посее!

Јанушев повторно повика на оставка и предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.