Андреј Стојаноски, младиот Македонец кој плива веќе 15 години, но не го слуша звукот на водата. Младиот Македонец, 22 годишниот Андреј Стојаноски кој ни е пример, репер, за борба за подобро утро на секој еден од нас. Овој наш херој кој соборува светски рекорди, има 3 спортски оскари, над 250 медали и награди и беше вицешампион на Светското првенство во пливање за лица со оштетен слух во 2015 година, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил по денашната средба која со потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски ја оствариле со младиот спортист.

Андреј ти си јунак, мотивација и доказ за тоа дека треба да се бориме за подобро утро за секој од нас. Андреј ти си наш шампион, и сите останати шампиони како тебе ќе ги поддржуваме секогаш, затоа што наша должност е да ја подржиме борбата за подобро, додава Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.