Се надеваме дека Република Македонија во октомври ќе добие датум за преговори со ЕУ. Треба да почекаме, но јас верувам дека тоа ќе се случи, изјави Фрек Јанмаат, раководител на секторот за економски работи и прекугранична соработка во ЕУ Делегацијата во Скопје на денешната панел дискусија посветена на проектот еднаков пристап за ефективна правда.

Овој проект доаѓа во добар момент, пред одлуката на ЕУ во октомври. Во неговите рамки се опфатени владеењето на правото и животната средина. Владеењето на правото е првото поглавје кое се отвора, а животната средина е најголемо со најголем број закони кои македонското законодавство треба да ги усогласи со европското. Проектот доаѓа во светло на одлуката за отпочнување на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.