На 11 март по состанокот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со надлежните министри и нивниот Кризен штаб, донесена е Одлука за прогласување на епидемија од коронавирусот на територија на цела Хрватска. Значи на 11 март, Хрватска и официјално станува држава во која е прогласена епидемија од Ковид 19, потсетува новинаротДарко Јаневски, во последната колумна.

Хрватска има епидемија, но за Македонија и по 11 март, Хрватска е во списокот на држави кои се со низок степен на ризик кога е во прашање Ковид 19. Како е можно? Хаос кај Филипче? Ништо ново, пишува Јаневски.

Јаневски потсетува дека обвинителката Фатиме Фетаи на 14 март се враќа од Дубровник, каде што престојувала неколку дена, и дека поради тоа што Хрватска се наоѓа на листата на земји со „низок ризик“, таа продолжува да живее нормално.

Така, формално правно, Фетаи без било каква процедура влегла во Македонија. Но, и тоа е проблем. Не е можно таа и друштвото да не знаеле дека Хрватска веќе е земја во која е прогласена епидемија. И од земја во епидемија, таа и тие со неа нормално се враќаат во Македонија и продолжуваат со нормален живот. Меѓу другите луѓе. Ни на крај памет дека заради сопственото здравје треба да се исконсултираат со стручни лица (можеби и го направиле тоа, но што вреди кога инкубацијата е 14, а според некои и 28 дена?), но секако, и заради здравјето на другите. Ама, тоа е Фетаи и тоа е Гучи. Нели?, пишува Јаневски.

Целата колумна тука. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.