Царовска предвидува само дигитални учебници од 4то до 9то одделение. Таа предвидува и учениците да претражуваат на интернет и на тој начин да стекнуваат знаење.
Индексот за дигитална економија и општество (DESI) мери повеќе параметри.
Според него Македонија е под просекот на 27 те членки на ЕУ за процентот на луѓе кои користат интернет, затоа што с’е уште има голем процент од популацијата која НИКОГАШ не користела интернет.
Ја прашувам Министерката Мила Царовска:
1. Знае ли колкав процент на ученици никогаш не користеле интернет?
2. Има ли план за воведување на овие ученици во дигиталната технологија?
3. Како ќе ги заштити од сајбер криминал? – пишува Весна Јаневска,професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.