Јас верувам дека наставна програма за историја и општество ќе излезе, малку подоцна, но ова што ја нема во моментов на веб страната на Бирото за развој на образование укажува на тоа дека раководството, Владата и тие што ги поставуваат за директори немаат никаков сенс за она што се случува кај народот, кај наставниците, кај родителите. Зошто доцнат со програмата тие треба да кажат. Но, можеле да почекаат и целосно да ги објават програмите за сите предмети. А, зошто доцнат можеме да претпоставиме. Нормално затоа што историјата е проблем, тие се обидоа да ја укинат историјата, но после силни реакции на стручната фела, на наставниците, на активистите, на родителите, тие ја вратија историјата во еден предмет историја и општество“, истакна претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, во емисијата „За или против“.

Јаневска додаде дека преку историјата се учи за настаните, причините за настаните, се изучуваат историски херои. Таа додава дека преку изучување на историјата се гради идентитет и се гради чувство на патриотизам.

Претпоставка е меѓу сите нас кои не сме во групата која ја создава програмата дека да има проблеми во однос на историските програми. Особено затоа што сите знаеме дека ние имаме проблем со нашиот сосед во врска со историските настани, во врска со идентитетот, во врска со јазикот.

 

Верувам дека тие што ја правеле концепцијата не се соочиле со реалноста. Ние не можеме да спроведеме такво образование на споени предмети. Прво, затоа што немаме кадар. Ние не сме произведеле кадар наставник кој ќе може да предава биолошки науки“, нагласи Јаневска.

Таа укажа дека и оценувањето исто така не им е решено како ќе се одвива на овие споени предмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.