Тивко и незбележливо укинување на Бирото за развој на образованието, или непотребно трошење на пари од кредитот во износ од над 20 милиони евра, за непознати и сомнителни цели? По сѐ изгледа Владата ги спроведува двете акции. Имено и покрај тоа што БРО има кадар за спроведување на обуки, во моментов се спроведува процес за ангажирање на скапо платени експерти – акредитирани обучувачи, преку скапо платени провајдери. Овој процес на “дупли обуки“ се одвива без оглед на тоа што советниците од БРО се веќе обучувани и за тоа веќе се потрошени пари – кометира проф. д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил

Таа постави прашање:

Зошто во услови на галопирачка економска криза, средствата од кредитот од Светска банка се трошат на провајдери на обука, иако тоа е обврска на БРО и во БРО за тоа постои стручен кадар. Јас за ова немам логичен одговор и не прифаќам оправдувања дека “овој“ начин е подобар. Врз основ на кои податоци се носат вакви заклучоци?
Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.