Авторот на изјавата за коалицијата на СДСМ+ДУИ+ДПМНЕ би сакала да ми објасни неколку прашања кои мене не ми се јасни – посочува Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на лидерот на Левицата, Димитар Апасиев околу широка коалиција за изборниот законик.

Таа вели и големите партии, како и помалите имаат свој интерес.

Не се издржува веќе:
Шверцерат за Иборниот законик на широката коалиција на СДСМ + ДУИ +ДПМНЕ.
Во однос на изборниот законик големите партии имаат свои интереси, како што ги имаат и помалите. Прашањето е отворено и треба да се реши и ќе се реши.
По повод Изборниот законик авторот на изјавата вешто и свесно прави инсинуација на коалиција на трите големи партии во однос на сите политички прашања во Македонија. Тоа се провлекува и во други изјави, постови и од време навреме е и децидно кажано.
Ги молам тие што веруваат во оваа коалиција да се запрашаат зошто ДУИ + Беса прават предизборна коалиција со СДСМ. Оставете го Изборниот законик на страна. Кој и е противник на оваа коалиција? Против кога оваа коалиција ќе се бори на локалните избори. Против Левица, Либерална партија ДОМ, Демократски сојуз и да не ги набројувам сите други. Мислите од нивна победа се плашат трите партии во коалицијата (всушност Беса наводно денес преговара, но и да не влезе во коалицијата ДУИ+СДСМ незначително е)? Ако ДУИ не сака да коалицира единствено со ВМРО-ДПМНЕ следи заклучок дека единствена партија која стои на браникот на Македонија е ВМРО-ДПМНЕ. Што значи браникот на Македонија е широка тема, но само за потестување: местото на кое оваа Влада СДСМ+ДУИ ја доведоа земјата по корупција и криминал, како тоа го реформираа судството, како го реформираат образованието, како се справуваат со корона кризата, па како го менаџираат процесот на преговори со Бугарија, како нема коментари за барањата за федерализација и така натака.
Сега, авторот на изјавата за коалицијата на СДСМ+ДУИ+ДПМНЕ би сакала да ми објасни неколку прашања кои мене не ми се јасни. Како тоа Македонија во НАТО, а тој во најтесна соработка со Палестина и Куба?. Како ние во капитализам, а тој левичар ќе го решава општествено-економскиот систем? Ќе воведе социјализам или комунизам? Како ќе го оствари тоа? Дали заложбата за легализација на марихуаната е од чисто популистички причини, од причина да го потпомогне бизнисот на ЗЗ или од лични убедувања? Да ли може да објасни зошто легализацијата на марихуаната ќе биде корисна за сите граѓани на Македониаја? Дали изјавата “Сите ќе ве стреламе“ не му асоцира на “Живи луѓе ќе јадеме“? Дали не е сосема јасно дека со напад на опозицијата не се руши власта?
Како тоа, кога сака, со пратеник на ВМРО може да поднесе интерпелација на Претседателот на Парламентот, а не може да најде заеднички јазик за други акции?
Всушност, почитувани, јас не му се обраќам нему, тој има легитимно право во борбата за гласови да води таква политика за која мисли дека ќе му донесе успех. Тука нема ништо спорно. Јас ви се обраќан на сите вас, кои во налет на силни емоции, се задоволувате со “барем добро им кажа“ (патем, вакви налети сите имаме), а“ СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ се исти“. Ставањето на равенство меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ им оди во корист само на Левица и ДУИ, на никој друг.
Со “барем добро им кажа“ не се постигнува ништо.
Можеби е подобро, некогаш нешто да се премолчи и стрпливо да се чека погоден момент за добро и успешно решение, однапред да се планираат добро обмислени чекори и во даден момент да се делува, ама да се делува мудро и успешно.
После се’ кажано не можам а да не кажам дека каква држава ќе имамео длучуваме сите ние, на денот на изборите кога гласот и на “царои и на говедарот“ се исто вредни и исто значајни. Тогаш цениме и проценуваме и тогаш одлучуваме.
Мојата, покојна баба велеше три пати мери, еднаш сечи, инаку, после тоа џабе ти е каење. Сите ние одлучуваме како што мислиме дека е најдобро, но без оглед на тоа да ли ќе згрешиме или не, барем да се обидеме три пати да измериме. Важно е! За нас и нашата држава стнува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.