Обвинителката Лиле Стефанова додека сведочеше денеска за случајот „Рекет“, го спомна и случајот „Поштенска банка“. Таа откри дека Катица Јанева ургирала еден стан од имотот на бизнисменот Томе Главчев да не се замрзне, бидејќи наводно го купила нејзина пријателка.

Кога го проверував имотот, дали има некакви промени, утврдив дека станот е на име на Сашо Василевски, односно дека пријателката на Јанева е всушност Василевски, изјави Стефанова.

За овој стан и блискоста на Јанева со Василевски пред неколку месеци пишуваше и Република.

По неполн месец од отворањето на истрагата за „Поштенска Банка“, на 2 ноември 2018 година, по барање на СЈО, Кривичниот суд го замрзнува имотот на Димитровски и Главчев, освен еден стан.

Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои имаме сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – ТУРИСТКО ДООЕЛ Кочани, БЕНТТОН ДООЕЛ експорт-импорт Гевгелија, НОЕЛ КОМПАНИ ДОО Гевгелија и НОЕЛ ПЛУС ДООЕЛ с.Стојаково-Богданци.

Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се превземени со оглед на тоа што постои oпасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката, информираа тогаш од СЈО.

Иако самото обвинителство алармираше дека имотот е замрзнат за случајно да не се продаде, сепак, еден од становите во сопственост на осомничениот Главчев, односно на неговата компанија „Бенттон“, по наредба на Јанева, останува нечепнат, односно не се бара негово замрзнување.

Овој стан на 31 октомври 2018 година добива нов сопственик, и тоа не било кој туку го купува актуелниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, за кого велат дека во тој период бил пријател со Јанева.

Станот има 109 квадрати и гаража од 5 метри квадратни, а го купил за 80 000 денари.

Утре на рочиштето за „Рекет“ треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми, кој ја водеше истрагата за „Поштенска банка“.

Да потсетиме,блискоста на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и довчерашниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, освен со стан за речиси беспари, била круисана и со решавање на егзистенцијалното прашање на неговата ќерка, Марија Василевска.

Дека Марија Василевска дипломиран правник, почнала да работи во СЈО во декември 2017 година, за „Република“ потврдија и извори од СЈО, а според нашите сознанија таа земала и солидна плата од 49.000 денари.

.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.