Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева отворила боледување на 16 јули, соопшти Специјалното јавно обвинителство.

Последен пат Јанева била видена на работното место во понеделникот, кога поднесе ковертирана оставка од функцијата.

Обвинителката Ленче Ристоска на прес-конференцијата на СЈО свикана нво вторникот извести дека специјалната јавна обинителка ги известила колегите за оставката во речиси истиот момент кога оставката била објавена на интернет страницата ја Специјалното јавно обвинителство.

Од Републичкото јавно обвинителство за „Република“ не сакаа да коментираат дали стапиле или не во контакт со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, бидејќи, „во тек се истражни дејствија“.

Нам не им е проблем да стапиме во контакт со луѓето кои ни се потребни за истрагите без оглед дали имаат или немаат мобилен телефон, а во конкретниот случај не можеме да кажеме дали сме имале или сме немале потреба да стапиме во контакт со обвинителот за кој прашувате со оглед дека се во тек истажни дејствија, одговорија за „Република“ од РЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.