Во лоша здравствена состојба е осомничената Катица Јанева поради што и било одобрено денеска да оди на кардиолошко-интернистички преглед во болницата „Жан Митрев“, потврдија нејзините адвокати.

Одбраната на Јанева тврди дека апслолутно се неточни информациите дека таа барала спогодба за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба.

Апсолутно се неточни информациите, ние немаме поднесено никаква формална понуда за спогодба – изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за Плусинфо.

Специјалната јавна обвинителка втор месец е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

За денеска обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе го поднесе обвинението за случајот „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.