Специјалната јавна обвинителка Катица Јанев, која е во оставка, не само што го слушала договорот за рекет меѓу веќе притворениот Бојан Јовановски (БОки 13) и бизнисменот кој е сведок, туку и самата учествувала во него – објавува Експрес, повикувајќи се на извори блиски на истрагата за случајот Реке, кои биле згрозени од разговорите што ги слушале меѓу Боки 13 и рекетираниот бизнисмен.

Изворите, пишува порталот, посочиле дека во моменти кога рекетираниот бизнисмен имал недоверба дека Боки 13 ќе ја заврши работата за која што му барал рекет таа самата му рекла да не се грижи и дека се ќе биде во ред.

Останува прашањето зошто против Катица Јанева нема обвинение доколку Обвинителството ги поседува сите овие докази за нејзина инволвираност во случајот Рекет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.