Ќе останам до крај на чело на СЈО, не затоа што сакам, туку бидејки сметам дека тоа го заслужувам, ова денеска на новинарско прашање го изјави Катица Јанева пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-маркови. Дали имаме реформи и зошто не?“.

Јанева истакна дека барањто на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од челната позиција во СЈО е политичка, која не држи вода, ниту е на место и нема основа.

Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон“, рече Јанева и додаде дека ако нејзиното место оди на реизбор таа повторно ќе конкурира.

Според актуелниот Закон за СЈО, мандатот на Јанева ѝ истекува во септември.

Преговорите за нов Закон за Јавно обвинителство, со кој што треба да се регулира статусот на СЈО, сè уште се заглавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.