Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ја тужи за клевета шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Тужбата Јанева ја поднела бидејќи во декември минатата година, обвинителката Русковска, гостувајќи во телевизиска емисија, кажала дека Јанева земала пари во повеќе случаи за повлекување на барање за притвор. Обраната тврди дека екс шефицата на СЈО не земала пари ниту за случајот „Рекет“, ниту пак за некој друг случај.

Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржало ново рочиште на кое не се појавила обвинителката Русковска, но нејзиното присуство не е задолжително, поради што судењето се оддржало.

На денешното рочиште сведочеа членови на Државниот завод за ревизија, кусо изјави за „Фокус“ адвокатот Лазар Јанев, кој е и син на Јанева.

На денешното рочиште не се појавила ниту обвинителката Ивана Трајчева која требало да сведочи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.