Во својата одбрана трето осомничената во случајот „Рекет“ Катица Јанева, уште еднаш истакна дека не се чувствува виновна, и оти е горда што била на чело на специјалното обинтелство и што го предводела тимот на обвинетели.

Во изминатиот период бев изложена на тежок ризик, но не се жалам. Одам со крената глава и секому можам да му погледнам во очи. Очекувам судот да ги прифати доказите. Се надевам дека судот не се плаши од зборовите на Русковска за тресење за гаќи.

На следното рочиште на шести декември судот ќе ги повика да сведочат брачниот пар Ана и Јордан Камчеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.