Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека ги слушаат бомбите кои ги објавува Ел Чека, но вели дека моментално ги анализираат.

Тоа го анализираат информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така што сѐ уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние. Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се истражува – вели Јанева.

Јанева, која дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на Фејбук профилот „Ел Чеко“, рече дека нема информации од каде се обезбедени.

Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори – рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија што се одржува во Клубот на пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.